Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 210 лицa, регистрирани се 93.586 нови позитивни случаи
Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 210 лицa, направени се 438.252 тестирања од кои се регистрирани 93.586 нови позитивни случаи
1770043

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 210 лица.
Во изминатото деноноќие се направени 438.252 тестирања од кои се регистрирани 93.586 нови позитивни случаи.
Бројот на оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа е 85.503 лица.
Вкупниот број на администрирани дози вакцини во Турција со првата, втората и третата доза се зголеми на 141 милион 612 илјади 186.