Турција целосно го поддржува соопштението на ТРСК против одлуката на Советот за безбедност на ОН

Со цел да се постигне праведно и трајно решение на Кипар, ги повикуваме Советот за безбедност и меѓународната заедница да усвојат искрен и конструктивен став заснован на реалноста на Кипар

1769690
Турција целосно го поддржува соопштението на ТРСК против одлуката на Советот за безбедност на ОН

Турција соопшти дека целосно го поддржува соопштението на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) против одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) за продолжување на мандатот на мировните сили на Обединетите нации (ОН) стационирани на островот Кипар за уште 6 месеци.

Во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи беше истакнато: „При донесувањето на наведената одлука, и покрај сите повици и предупредувања упатени во оваа насока, не беше добиена согласноста од властите на ТРСК, што е во спротивност со правилата и принципите на ОН. Упорно се воздржуваше од законска регулатива, додека мировните сили на ОН, своите активности (на островот) можеа да ги продолжат во рамките на добронамерниот пристап на властите на ТРСК. Целосно ги поддржуваме досегашните и чекорите што треба да се преземат од страна на властите на ТРСК во овој поглед“.

Во соопштението беше нагласено дека СБОН, од една страна на страните на островот им порача да најдат решение, од друга страна се обидуваше да го наметне моделот на решение кој бил испробан и исцрпен повеќе од 50 години, докажан дека не е ефективен и не ја одразува согласноста на едната страна и дека овој став е исклучен од реалноста и е контрадикторен.

Во соопштението беше наведено дека критиките на Советот за безбедност на Обединетите нации за чекорите преземени од властите на ТРСК во Мараш (Вароша) во согласност со меѓународното право наводно е кршење на правата на сопственост и дека Советот ги игнорирал едностраните чекори што администрацијата на кипарските Грци ги презеде во Источниот Медитеран, кој ја зголемува тензијата во источниот Медитеран и ги игнорира правата на кипарските Турци, е двоен стандард.

Во соопштението беше подвлечено: „Со цел да се постигне праведно и трајно решение на Кипар, ги повикуваме Советот за безбедност и меѓународната заедница да усвојат искрен и конструктивен став заснован на реалноста на Кипар и за таа цел, да ја регистрираат суверената еднаквост и еднаков меѓународен статус на Кипарско турскиот народ, што е нивно право“.



Слични вести