Соопштение од МНР на Турција по повод „Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот“

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение по повод „Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот“

1769083
Соопштение од МНР на Турција по повод „Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот“

Турција соопшти дека со почит се сеќаваме на милиони луѓе Евреи, Роми, хендикепирани и лица припадници на малцинства и групи кои биле поставени на цел и систематски масакрирани/убивани од страна на нацистичкиот режим и неговите соработници.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи по повод „Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот“, се истакнува дека Османлиската Империја и Турција беа безбедно засолниште за милиони луѓе, вклучително и Евреи кои биле прогонувани во различни делови од светот низ историјата и се нагласува дека им беше отворена прегратка и на голем број Евреи кои за време на Втората светска војна бегаа од нацистите.

Во соопштението се потсетува дека во овој процес турските дипломати им ја подадоа својата рака за помош на жртвите и се вели следното: „Во овој период голем број Евреи беа спасени од испраќање во концентрациони логори благодарение на одлучноста на турската влада и натчовечките напори на турските дипломати. По тој повод се сеќаваме и на спомените на нашите дипломати кои им подадоа рака за помош на жртвите.“

Во истото соопштение се наведува дека поради епидемијата на Коид-19 оваа година на жртвите од холокаустот ќе се сеќаваме со онлајн комеморација, а воедно се додава следното: „Турција го продолжува нејзиниот бескомпромисен став против антисемитизмот, ксенофобијата (непријателството кон странците), расизмот, исламофобијата и сите форми на нетолеранција и придонесува за меѓународната соработка во борбата против говорот на основа на омраза и злосторствата.“



Слични вести