Претседателот Ердоган: Ние сакаме мир и стабилност во нашиот регион

Претседателот Ердоган, во врска со тензиите меѓу Русија и Украина го рече следното: „Се надевам дека Русија нема да оди кон вооружен напад и окупација на Украина. Таквиот чекор не може да биде рационален потег за Русија и за нашиот регион.“

1768914
Претседателот Ердоган: Ние сакаме мир и стабилност во нашиот регион

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа беше гостин во специјалната програма на еден приватен телевизиски канал кадешто направи проценка на актуелниот дневен ред.

Ердоган, во врска со тензиите меѓу Русија и Украина го рече следното: „Се надевам дека Русија нема да оди кон вооружен напад и окупација на Украина. Таквиот чекор не може да биде рационален потег за Русија и за нашиот регион. Состанувајќи ги двајцата лидери (претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски) во нашата земја, доколку тие сакаат, можеме да го отвориме патот за повторно воспоставување на средината на мир.“

Претседателот Ердоган, го додаде и следното: „Нашата земја уште од самиот почеток го поддржува територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина. Не станува збор за промена на овој наш став.“

Претседателот Ердоган на прашањето за можноста од воен конфликт меѓу Украина и Русија и како Москва приоѓа кон понудата на Турција за посредување меѓу двете земји одговори со следните зборови: „Пред сè, се разбира, не е можно овие случувања да ги сметаме за поволни или корисни. Бидејќи регионот е наш регион, сакаме тензијата меѓу Русија и Украина да се реши пред да се претвори во нова криза. Повторувам дека сме подготвени да ја дадеме нашата цела поддршка, да направиме сѐ што можеме. Овие мои пораки им ги доставив и на претседателите Путин и Зеленски и ќе продолжам да го правам тоа.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, воедно истакна дека не е можно да биде успешен ниту еден проект што ќе ја игнорира Турција во Источниот Медитеран.

Претседателот Ердоган исто така се осврна и на односите со Израел во врска со што информира дека се очекува неговиот израелски колега претседателот Исак Херцог на почетокот на февруари да допатува во посета на Турција.

Тој рече: „Заедно со оваа посета може да започне нов период во односите меѓу Турција и Израел.“

 



Слични вести