Портпаролот на Кремљ Песков: Путин ја прифати поканата на Ердоган за посета на Турција

Портпаролот на претседателскиот дворец на Русија (Кремљ) Дмитриј Песков, соопшти дека претседателот Путин ја прифатил со задоволство поканата на претседателот Ердоган да ја посети Турција

1769300
Портпаролот на Кремљ Песков: Путин ја прифати поканата на Ердоган за посета на Турција

Рускиот претседател Владимир Путин, на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе допатува во Турција.

Портпаролот на претседателскиот дворец на Русија (Кремљ) Дмитриј Песков, соопшти дека претседателот Путин ја прифатил со задоволство поканата на претседателот Ердоган да ја посети Турција.

Песков во дадената изјава за новинарите во Москва истакна дека поканата на Ердоган до Путин била поставена на дневен ред на остварените разговори меѓу двајцата лидери.

Тој рече: „Имаше одредена пауза и во меѓувладината комисија и во контактите со кои претседаваа двајцата лидери.“

Песков, информира дека претседателот Ердоган рекол дека може да биде домаќин на споменатите контакти и средби во Турција, а воедно го рече следното: „Путин со задоволство ја прифати оваа покана на Ердоган. Тие се договорија дека оваа покана ќе биде остварена веднаш кога тоа ќе го дозволат пандемијата на Ковид-19 и календарот.“

Коментирајќи го писмениот одговор на Соединетите Американски Држави (САД) во врска со безбедносните гаранции што го испратија синоќа до Русија, Песков изјави дека претседателот Путин лично го прочитал одговорот за кој станува збор.

Укажувајќи дека Соединетите Американски Држави (САД) и НАТО ги отфрлија главните грижи на Русија, Песков рече: „Затоа, нема премногу причини да се биде оптимизам. Потребно е време да се разгледат писмените одговори на САД и НАТО. Не треба да избрзаме за да извлечеме резултат.“

Песков истакна дека не е донесена одлука во врска со одговорот отворен за јавноста што ќе го даде Москва на добиените одговори од САД и НАТО.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пак, изјави дека американскиот одговор на Москва во врска со безбедносните прашања не е позитивен.

Велејќи „Содржината на американскиот одговор овозможува започнување на дијалог во сеирозна смисла, но за секундарни прашања,“ Лавров рече дека  одлуката за чекорите коишто ќе бидат преземени по одговорот на САД ќе ја донесе претседателот Путин.

 



Слични вести