Чавушоглу: Датумот на посетата на Путин на Турција ќе биде одреден откако Тој ќе се врати од Олимписките игри

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу соопшти дека датумот на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Турција ќе биде одреден откако рускиот лидер ќе се врати од Олимписките игри во Пекинг.

1769387
Чавушоглу: Датумот на посетата на Путин на Турција ќе биде одреден откако Тој ќе се врати од Олимписките игри

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анкара се состана со министерката за надворешни работи, франкофонија и централноафриканците во странство Силвие Баипо Темон со која потоа одржаа заедничка прес-конференција.

Чавушоглу овде истакна дека датумот на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Турција ќе биде одреден откако рускиот лидер ќе се врати од Олимписките игри во Пекинг.

Мевлут Чавушоглу ги даде следните информации за посетата на Путин кој ја прифати поканата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган да дојде во Турција:

„Ердоган го покани Путин во Турција за состанокот за стратешка соработка. Јануари не одговараше. (Претседателскиот дворец на Русија) Кремљ соопшти дека ќе биде даден датум откако Путин ќе се врати од Олимпијадите во Пекинг.“

Во врска со тензиите меѓу Русија и Украина пак, Чавушоглу рече: „Низа пати ги споделивме нашите размислувања. Рековме дека таквата тензија не треба да се претвори во конфликт. Нашата желба е овој дијалог да продолжи.“

Велејќи дека започнатиот процес на нормализација со Ерменија е поддржан и од страна на Азербејџан и дека истиот продолжува со чекори за градење доверба, Чавушоглу потсети дека во тој контекст специјалните претставници на Турција и Ерменија нивната прва средба ја одржаа во Москва, главниот град на Русија.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу појасни дека специјалните претставници се во контакт и заедно ќе одлучат каде и кога ќе се одржи следниот состанок.

Чавупоглу информира дека на Дипломатскиот форум во Анталија ќе присуствуваат и ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан и неговиот специјален претставник Рубен Рубињан кои исто така се поканети за овој форум и истакна дека се изразува задоволство од нивното присуство.

Тој рече: „Тоа исто така ќе биде дел од чекорите за градење доверба.“

 



Слични вести