Мејер-Ландрут: Ажурирањето на Царинската унија е корисно и за ЕУ и за Турција

Претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција амбасадорот Николаус Мејер-Ландрут истакна дека ажурирањето на Царинската унија има значаен потенцијал од аспект и на двете странии дека тоа е корисно и за двете страни

1768777
Мејер-Ландрут: Ажурирањето на Царинската унија е корисно и за ЕУ и за Турција

Претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција амбасадорот Николаус Мејер-Ландрут, во говорот што го одржа во Анкара истакна дека Турција го ратификува Парискиот климатски договор во октомври 2021 година и дека тоа буди задоволство.

Мејер-Ландрут се осврна на односите меѓу Турција и ЕУ за намалување на емисиите на јаглерод во согласност со Парискиот климатски договор, во врска со што рече: „Зошто е тоа важно во нашите односи со Турција. Бидејќи Турција и ЕУ се важни економски партнери. Благодарение на Царинската унија, трговијата меѓу Турција и ЕУ се зголеми за повеќе од 4 пати, во изминатите 25 години.“

Во врска со ажурирањето на Царинската унија меѓу Турција и ЕУ, Мејер-Ландрут го рече следното: „Дозволете ми да кажам дека се согласуваме по прашањето дека ажурирањето на Царинската унија има значаен потенцијал од аспект и на двете страни. Тоа е корисно и за двете страни. Освен тоа, Турција ја соопшти својата цел за нето нула емисии на јаглерод до 2053 година.

Би можел да кажам дека се договоривме за нула емисии на јаглерод до 2050-53 година, до средината на векот. Нема голема разлика во тоа. Со задоволство можам да кажам дека техничките разговори меѓу турските функционери и Европската комисија продолжуваат од минатото лето.

Тие (функционерите кои ги водат разговорите) треба конкретно да ги решат постоечките трговски негодувања. Се надевам дека оваа работа ќе доведе до доволно напредок за да влезат во разговори за ажурирање потоа. Затоа Турција е важен дел од синџирот на вредност на Европа во голем број индустрии.“

Укажувајќи на тоа дека Турција е шестиот најголем трговски партнер на Европската унија (ЕУ) и дека економските врски се камен-темелник на односите, Мејер-Ландрут рече: „Ова јасно покажува дека нашата економска меѓузависност се зголемува и врските меѓу двете економии и општества стануваат се посилни.“

Претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција амбасадорот Николаус Мејер-Ландрут привлече внимание дека поради оваа состојба е неопходно Турција и ЕУ да се здружат во политиките за климата, а воедно наведе дека оваа неопходност е „природен и неизбежен процес“ за двете страни, бидејќи двете страни коегзистираат во рамките на еден синџир на заеднички вредности и практиките на Царинската унија.

 



Слични вести