Честитка од министерот Сојлу до новонаименуваната германска министерка за внатрешни работи Фезер

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и честита на неговата германска колешка Ненси Фезер која е наименувана за нова министерка за внатрешни работи

1768677
Честитка од министерот Сојлу до новонаименуваната германска министерка за внатрешни работи Фезер

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу одржа видео-конференциска средба со германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер.

Според објавеното соопштение од страна на Министерството, Сојлу и честита на неговата германска колешка Фезер за наименувањето за нова министерка за внатрешни работи.

Министерот Сојлу изрази желба за проширување на продуктивната и конструктивна соработка и механизмот за дијалог со уште посилни врски и партнерства и во наредниот период меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, пред се во безбедноста и борбата против тероризмот.

Освен тоа, на средбата беше направена проценка на борбата против нерегуларната миграција, Договорот од 18 март (потпишан меѓу Турција и Европската унија во врска со мигрантите, во 2016 година), најновата ситуација во Авганистан, борбата против тероризмот и на актуелни случувања.

 



Слични вести