Алтун: Турција со нејзината реална и хумана мигрантска политика стана пример за светот

Шефот на Одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтун истакна дека Турција со нејзината реална и хумана политика за миграција служи за пример во светот

1768705
Алтун: Турција со нејзината реална и хумана мигрантска политика стана пример за светот

Шефот на Одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтун зборуваше на отворањето на „Работилницата за мигранти и медиуми“ во организација на Меѓународната асоцијација за медиумско информирање и со поддршка на Одделот за комуникации при претседателството, во Анкара.

Алтун во своето обраќање овде истакна дека Турција со нејзината реална и хумана политика за миграција служи за пример во светот.

Фахреттин Алтун рече дека додека се остава назад периодот кога глобализацискиот дискурс и тенденциите за либерализација го достигнаа врвот, се забележува дека Западот од една страна станува сведок на криза во социјалната држава, а од друга страна  доживува тенденција на политичка дезинтеграција.

Тој ја изнесе следната констатација: „Во моментов западниот свет за жал се појавува пред нас на меѓународен план како културна географија каде што се продлабочува расизмот, се зголемува ксенофобијата (непријателството кон странците) и расте социјалната гетоизација.“

Укажувајќи дека се доживува еден нов период кадешто проблемите престанаа да бидат национални и добија меѓународно својство, Алтун рече: „Турција во овој период како стабилизирачка сила се бореше за сопствената безбедност и стабилност, како и за безбедноста и стабилноста на земјите од регионот на терен и на маса, постигна многу конкретни важни придобивки. Во оваа точка Турција со нејзината реална и хумана мигрантска политика стана пример за светот.“

Шефот на Одделот за комуникации при претседателството Фахреттин Алтун појасни дека Турција од една страна ги поддржува оние кои бегаат од војна, тероризам и масакри, а од друга страна работи и продолжува да работи со сета сила за да создаде можност за гордо, безбедно и доброволно враќање на раселените луѓе во нивните домови.

Привлекувајќи внимание дека денес Германија е домаќин на 530.000, а Шведска 130.000 сириски имигранти и освен во овие две земји во ниту една друга западна земја нема повеќе од 50.000 сириски мигранти, Алтун додаде дека Турција е домаќин на 8 пати повеќе мигранти од Германија.

 



Слични вести