Турција изрази длабока загриженост поради веста за обидот за државен удар во Буркина Фасо

Турција, во овој чувствителен период ќе застане на страната на Буркина Фасо

1767802
Турција изрази длабока загриженост поради веста за обидот за државен удар во Буркина Фасо

Турција изрази длабока загриженост поради веста за обидот за државен удар во Буркина Фасо.

Во писменото соопштение од МНР беше истакнато следното: „Длабоко сме загрижени поради веста дека има обид за државен удар во Буркина Фасо и дека претседателот Рох Марк Кристијан Каборе е приведен“.

Во соопштението беше истакнато дека Турција, во овој чувствителен период ќе застане на страната на Буркина Фасо, со желба да не се наруши уставниот поредок и општествениот мир и стабилност на братска и пријателска Буркина Фасо.



Слични вести