Фуат Октај разговараше со претседателот и премиерот на ТРСК, Ерсин Татар и Фаиз Суџуоглу

Потпретседателот Фуат Октај оствари телефонски разговори со претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар и со премиерот Фаиз Суџуоглу чија партија освои најголем број гласови на одржаните предвремени парламентарни избори

1768234
Фуат Октај разговараше со претседателот и премиерот на ТРСК, Ерсин Татар и Фаиз Суџуоглу

Потпретседателот Фуат Октај оствари телефонски разговор со претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар.

Во разговорот, Октај посака резултатите од одржаните предвремени парламентарни избори одржани на 23 јануари во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) да бидат аирлија (корисни, за добро) за политичките партии и за кипарскиот турски народ.

Велејќи дека новата Влада што ќе се формира ќе работи за просперитетот и стабилноста на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Октај и посака успех на Владата што ќе се формира.

Потпретседателот Фуат Октај исто така му честиташе и на претседателот на Партијата за национално единство (УБП) и актуелниот премиер Фаиз Суџуоглу, чија партија освои најмногу гласи и излезе како прва партија на предвремените парламентарни избори.

Октај, во остварениот телефонски разговори со Фаиз Суџуоглу, истакна дека изборите во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) се одржаа во демократска атмосфера којашто може да се прикаже како пример и дека соработката меѓу Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ќе продолжи со нејзино постојано надоградување во секоја сфера.

 



Слични вести