Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани 10 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани 10 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1766835
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани 10 терористи

Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани 10 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува дека нема да и се дозволи на терористичката организација ПКК/ЈПГ да ја наруши средината на спокојство и доверба во подрачјето на операцијата Извор на мирот во северниот дел на Сирија.

Во соопштението се вели дека турските командоси кои се наоѓаат на задача во подрачјето со превентивни истрели против терористите на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале за напад неутрализираа 10 терористи.

Од друга страна, во реализирана прекугранична воздушна операција на областа Авашин во северниот дел на Ирак со координирана работа на Турските вооружени сили (ТВС) и Националната разузнавачка организација (МИТ) се неутрализирани 3 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

 



Слични вести