Претседателот Ердоган разговараше со иранскиот претседател Реиси

Според објавеното соопштение од страна на Одделот за комуникации на претседателството, тема на телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели, Ердоган и Реиси, беа билатералните односи меѓу Турција и Иран и регионални прашања

1766839
Претседателот Ердоган разговараше со иранскиот претседател Реиси

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со неговиот ирански колега Ибрахим Реиси.

Според објавеното соопштение од страна на Одделот за комуникации на претседателството, тема на разговорот беа билатералните односи меѓу Турција и Иран и регионални прашања.

Претседателот Ердоган истакна дека продолжуваа работите во врска со состанокот на Советот за соработка на високо ниво што ќе се одржи наскоро во Техеран и договорите коишто би можеле да се потпишат во тие рамки.

Велејќи дека, од друга страна продолжуваат напорите да преовладуваат мирот и стабилноста во Кавказ, Ердоган напомена дека во тие рамки како Турција сакаат да бидат домаќин на следниот состанок на Платформата 3+3 која е равзиена заедно со азербејџанскиот претседател. Илхам Алиев.

 



Слични вести