Министерот Акар: Кризата меѓу Русија и Украина треба да се реши по мирен пат

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека кризата меѓу Руската Федерација и Украина треба да се реши по мирен пат, во согласност со меѓународното право и во рамките на почитувањето на територијалниот интегритет на Украина

1766836
Министерот Акар: Кризата меѓу Русија и Украина треба да се реши по мирен пат

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во интервју за одбранбеното и стратешко списание „М5“ изјави дека кризата меѓу Русија и Украина треба да се реши по мирен пат.

На едно поставено прашање во врска со реакцијата на Русија за наоружаните беспилотни летала (СИХА) кои Турција и ги продаде на армијата на Украина, Акар одговори дека Турција секогаш се залага за решавање на проблемите во согласност со меѓународното право, во рамките на добрососедските односи и преку дијалог.

Министерот Акар, продолжи со следните зборови: „И на меѓународните платформи од секој вид нагласуваме дека кризата меѓу Руската Федерација и Украина треба да се реши по мирен пат, во согласност со меѓународното право и во рамките на почитувањето на територијалниот интегритет на Украина. Нашата земја води различни видови активности за соработка како во бројни сфери така и во одбранбената индустрија, и тоа и со Руската Федерација, и со Украина и со сојузничките земји. Едната од нив се и продадените наоружани беспилотни летала (СИХА) на Украина. Набавката и користењето на овие системи од страна на Украина е по нејзина сопствена дискреција. Така да, Турција не може да се обвинува во врска со овие системи коишто ги извезе.“

На прашањето во врска со односите меѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) и ракетно одбранбениот систем (С-400) купен од Русија, Акар истакна дека ќе претставува сериозна грешка воените односи меѓу двете земји да се вреднуваат само во контекст на Сирија и набавката на С-400,

Тој рече: „САД, наместо да ги решаваат овие прашања на начин што им доликува на двата сојузници, донесоа одлуки кои неминовно ќе влијаат негативно на нашите односи. Ние сме за разгледување на проблемите преку дијалог, во согласност со духот на сојузништво.“

Појаснувајќи дека Турција е под сериозна воздушна и ракетна закана, министерот за национална одбрана Хулуси Акар го подвлече следното: „Набавката на С-400 не е избор, туку неопходност.“

 



Слични вести