Во воздушна операција во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализирана прекугранична воздушна операција на областа Авашин во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1766762
Во воздушна операција во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Со реализирана прекугранична воздушна операција на областа Авашин во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува дека со координирана операција на Турските вооружени сили (ТВС) и Националната разузнавачка служба (МИТ) е реализирана операција на областа Авашин во северниот дел на Ирак.

Во соопштението се вели дека во реализираната воздушна операција се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои биле утврдени во областа.



Слични вести