Најиб Букеле: „Сакаме да бидеме дел од растот на Турција“
Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле рече дека тие предвидуваат дека Турција оствари многу голем раст и ќе биде на многу важна позиција за светот

Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле рече дека тие предвидуваат дека Турција оствари многу голем раст и ќе биде на многу важна позиција за светот. „Сакаме да бидеме дел од растот на Турција“.
По церемонијата на потпишување на серија договори меѓу двете земји и тет-а тет средбите и состаноци меѓу делегациите во Претседателскиот комплекс, претседателот Реџеп Тајип Ердоган и Букеле одржаа заедничка прес-конференција
Подвлекувајќи дека Турција е многу важна земја за нив и дека гледаат голем потенцијал во Турција, високиот гостин претседателот Букеле рече: „Турција бележи голем раст. Го гледаме тоа. Сега е силна. Во иднина ќе биде многу посилна и тоа ќе бие важно за светот. Сакаме да бидеме со нив. Затоа што сакаме да бидеме дел од овој раст. Сакаме да бидеме дел од растот на Турција и сакаме да ја придружуваме“ рече Букеле.
Слични вести

Ердоган: „НАТО е безбедносна организација, не можеме да прифатиме терористички организации“
Не можеме да прифатиме присуство на терористички организации во таква безбедносна организација