Ердоган: „Што поскоро сакаме да ги собере Путин и Зеленски и да одржат средба лице в лице“

Сакаме да преовладува мир во регионот за да не дојде до други негативни случувањ

1766365
Ердоган: „Што поскоро сакаме да ги собере Путин и Зеленски и да одржат средба лице в лице“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека сака што поскоро да ги собере рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Украина Владимир Зеленски и да одржат средба лице в лице.

Претседателот Ердоган одржа заедничка прес-конференција со претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле кој престојува во официјална посета на главниот град Анкара.

Ердоган рече дека имаат за цел да го зголемат обемот на трговија со Ел Салвадор на 100 милиони долари во првата фаза и на 500 милиони долари во следните пет години.

Одговарајќи на прашањата на претставниците на печатот на крајот на средбата, Ердоган на едно прашање за односите меѓу Русија и Украина рече:

„Сакаме да преовладува мир во регионот за да не дојде до други негативни случувања. Нашата надеж е да ги состанеме г-динот Путин и г-динот Зеленски што е можно поскоро, за да се осигураме дека тие ќе имаат средба лице в лице.

Ние придаваме големо значење и на посетата на г-динот Путин на Турција и на мојата посета на Украина. На почетокот на следниот месец имам посета на Украина. Ќе се сретнам и со Путин“ рече претседателот Ердоган.



Слични вести