Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани 7 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во северниот дел на Сирија се неутрализирани се 7 терористи на ПКК/ЈПГ кои отвориле провоцирачки оган и се обиделе да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот

1765070
Во подрачјето на операцијата Извор на мирот во Сирија се неутрализирани 7 терористи

Во северниот дел на Сирија се неутрализирани се 7 терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои отвориле провоцирачки оган и се обиделе да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Продолжуваме да интервенираме врз терористите кои сакаат да ја нарушат средината на мир и доверба во подрачјето на операцијата Извор на мирот. Со отворен артилериски оган се неутрализирани 7 терористи на ПКК/ЈПГ кои отворија провоцирачки оган и се обидоа да се префрлат во подрачјето.“

Од друга страна, како резултат на активностите за убедување уште еден терорист кој избегал од сепаратистичко-терористичката организација ПКК им се предаде на безбедносните сили.

Според објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи, предадениот терорист и се приклучил на терористичката организација во 2019 година и делувал во Сирија.

На тој начин, бројот на терористите кои се предадоа по пат на убедување од почетокот на годината досега изнесува 4.



Слични вести