Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп отпатува во посета на Катар
Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и парламентарната делегација во негова придружба рамките на посетата најпрвин ќе бидат примени од страна на емирот на Катар шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп отпатува во посета на Катар кадешто ќе оствари низа средби и разговори.
Шентоп и парламентарната делегација во негова придружба во рамките на посетата најпрвин ќе бидат примени од страна на емирот на Катар шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани.
Потоа се планира претседателот на Собранието Шентоп да се состане со претседателот на Консултативното Собрание на Катар (Меџлис аш-Шура) Хасан бин Абдулах Ал Ганим и со премиерот и министер за внатрешни работи на Катар шеикот Халид бин Калифа бин Абдулазиз Ал Тани.
Освен тоа, се предвидува претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп да го посети и Институтот во Доха и овде да одржи говор на тема „Кон еден нов свет: Пријателства, сојузи, соработки“.