Претседателот Ердоган најави можна посета на израелскиот претседател Херцог на Турција

Претседателот Ердоган во врска со можноста за соработка со Израел во Источниот Медитеран истакна дека израелскиот претседател Исак Херцог може да допатува во посета на Турција

1764786
Претседателот Ердоган најави можна посета на израелскиот претседател Херцог на Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на одржаната заедничка прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ кој допатува во официјална посета на Турција.

Ердоган во врска со можноста за соработка со Израел во Источниот Медитеран истакна дека израелскиот претседател Исак Херцог може да допатува во посета на Турција.

Претседателот Ердоган рече: „Има разговори коишто ги остваруваме со господинот Херцог, постои можност ќе ја посети Турција. Премиерот господинот Бенет има одредени позитивни приоди во овие точки. Целта е да се стигне некаде со позитивни приоди. Откако тој позитивен приод се потпира на начелото добивај-добивај (вин-вин), ние како Турција ќе го направиме тоа што е во наша можност. „Ние како политичари не постоиме за да се караме, нас не има за мир; Доколку нафтата е инструмент за мир, ние ќе го искористиме тоа. Но, доколку не биде инструмент за мир, одлуката ќе ја донесе секоја земја самата. Ние не ги купивме залудно бродовите за сеизмички истражувања.“



Слични вести