Претседателот Ердоган му се заблагодари на српскиот претседател Вучиќ

Претседателот Ердоган му се заблагодари на српскиот претседател Вучиќ со следните зборови: „Би сакал уште еднаш да ви се заблагодарам за вашата посета и за вашата покана во Белград. Ние ќе продолжиме да ги носиме уште понапред нашите односи со Србија.“

1765340
Претседателот Ердоган му се заблагодари на српскиот претседател Вучиќ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за неговата посета на Турција и за неговата покана во Белград.

Претседателот Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја коментираше објавата со фотографии од разговорите за време на посетата на Вучиќ на Турција и заедничките инвестиции на двете земји .

Ердоган во постот напиша: „Би сакал уште еднаш да ви се заблагодарам за вашата посета и за вашата покана во Белград. Ние ќе продолжиме да ги носиме уште понапред (на уште повисоко ниво) нашите односи со Србија кои се одвиваат извонредно и за кои веруваме дека придонесуваат за мирот и стабилноста во регионот.“



Слични вести