Претседателот Ердоган: Можностите пред Турција продолжуваат да се претвораат во профит

Претседателот Ердоган истакна дека со зголемување на неизвесноста предизвикана од епидемијата, можностите пред Турција продолжуваат да се претвораат во профит и дека светот внимателно ги следи чекорите на Турција

1765328
Претседателот Ердоган: Можностите пред Турција продолжуваат да се претвораат во профит

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган им се обрати на претседателите на месни заедници со кои се состана во Салата за изложби во претседателската палата „Куллијето“, во Бештепе, во Анкара. 

Ердоган истакна дека со зголемување на неизвесноста предизвикана од епидемијата, можностите пред Турција продолжуваат да се претвораат во профит и дека светот внимателно ги следи чекорите на Турција. 

Нагласувајќи дека по пауза од 2,5 години повторно се започнати средбите со претседателите на месни заедници со 51-вата по ред средба, претседателот Ердоган рече дека средбата со претседатели на месни заедници премина во политичката историја како еден од најголемите и најсеопфатните демократски празници во земјата.

Тој во својот говор се осврна на точката до којашто достигна земјата во националната одбранбена индустрија и нагласувајќи дека Турција веќе ги прави сопствениот авион и сопствените беспилотни летала, го рече следното: „Дали знаете кој ги сака нив од нас? Тие огромни, големи земји кои велеа „не може да го направат тоа“ сега ги бараат овие летала од нас.“

Осврнувајќи се на успешната борба којашто се води против тероризмот, Ердоган рече: „Со влегување во дупките (пештерите) на терористичките организации ги срушивме/уништивме и ги уништуваме нив.“

Нагласи дека Турција ја доведоа во состојба на производствен центар во светот и го истакна следното: „Ние ја продолжуваме нашата цел да ја внесеме нашата земја меѓу првите 10 економии во светот.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган подвлече дека Турција позитивно се одвои од другите земји во процесот на епидемијата и до додаде следното: „Со зголемување на неизвесноста предизвикана од епидемијата, можностите пред Турција продолжуваат да се претвораат во профит. Светот внимателно ги следи чекорите на Турција.“

 



Слични вести