Калин: Претседателот Ердоган за неколку недели ќе замине во посета на Украина

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим истакна дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган за неколку недели ќе ја посети Украина и ќе се состане со претседателот Володимир Зеленски

1765101
Калин: Претседателот Ердоган за неколку недели ќе замине во посета на Украина

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин говореше на онлајн панел одржан од страна на тинк-тенк организацијата „Circle Foundation“ за можните влијанија на тензиите меѓу Русија и Украина врз Европа и НАТО.

Калин истакна дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган за неколку недели ќе ја посети Украина и ќе се состане со претседателот Володимир Зеленски.

Велејќи дека дека последиците од евентуалната воена операција на Русија против Украина ќе бидат големи и неповратни, Ибрахим Калин појасни дека Турција е подготвена да одигра било каква улога во решавањето на проблемот.

Тој укажа дека прашањето веќе одредено време се наоѓа на дневен ред и тензиите ескалираат, а воедно напомена дека и Турција со голема загриженост ги следи случувањата и дека оваа тензија само по себе носи ризици.

Нагласувајќи дека Турција не сака било каква воена акција, конфликт или војна во Украина или меѓу Русија и Украина, Калин рече: „Ние целосно го поддржуваме територијалниот интегритет, политичкиот суверенитет и социјалниот интегритет на Украина.

Портпаролот на претседателството рече дека Анкара не сака да види нова војна и дека тоа го виделе доволно во Сирија, Ирак и во другите делови на светот, а исто така ги повика и двете страни на воздржаност.

Осврнувајќи се на напорите на Турција да се изнајде решение за проблемот, Калин изјави дека претседателот Ердоган разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Тој (Ердоган) дури ги покани и двајцата ако сакаат да дојдат во Турција, да одржат состанок за да ги решат меѓусебните проблеми и разлики. Турција е подготвена да одигра било каква улога што може да ја одигра за намалување на тензиите меѓу Русија и Украина. Ние го правиме тоа како пријатели и на Русија и на Украина, и како НАТО сојузник.“ - рече Калин.

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин соопшти дека претседателот Ердоган за неколку недели ќе ја посети Украина и ќе се состане со претседателот Зеленски, а воедно го рече следното: „Истовремено, ќе бидеме во близок контакт со Русите за да избегнеме секој вид воена акција со големи и неповратни последици.“

 



Слични вести