Заменик министерот за надворешни работи Кајмакчи: ЕУ да не врши дискриминација кон Турција

Заменик министерот за надворешни работи и претседател за Европска унија Фарук Кајмакчи ја повика Европската унија (ЕУ) да не се врши дискриминација кон Турција која е дел од европското семејство и да и го покаже правото што го заслужува

1764468
Заменик министерот за надворешни работи Кајмакчи: ЕУ да не врши дискриминација кон Турција

Заменик министерот за надворешни работи и претседател за Европска унија Фарук Кајмакчи говореше на отворањето на проектот насловен како „Зголемување на ефикасноста на семејните судови: Подобра одбрана на правата на членовите на семејството“, во Анкара во организација на Правосудната академија на Турција и спроведен од страна на ЕУ и Советот на Европа.

Во оваа пригода Кајмакчи истакна дека Турција ја подготви патната карта за следните 1-2 години со нејзината  стратегија за реформи во судството, акциониот план за човекови права и акциониот план за пристапување во Европската унија (ЕУ) што го опфаќа периодот 2021-2023 година, а воедно ја повика Европската унија (ЕУ) да не се врши дискриминација кон Турција во овој период.

Нагласувајќи дека Турција е дел од европското семејство, Кајмакчи подвлече дека на Турција треба да и се покаже правото што го заслужува.

Фарук Кајмакчи информира дека во последните 20 години во Турција се развиени значајни проекти во сферата на правото и дека и Европската унија (ЕУ) суспендираше некои од овие проекти што пак беше во противречност и со самата нејзе.

Тој нагласи дека тоа е контрадикторност и го рече следното:  „ЕУ, и ја критикува една земја кандидат по прашањето на судството и фундаменталните права. Но, од друга страна, ги суспендира и нејзините проекти коишто таа земја кандидат ќе ја водат во понапредна точка по прашањето на судството и фундаменталните права. Затоа, сакаме што поскоро да се промени ова погрешно сфаќање.“

Заменик министерот за надворешни работи и претседател за Европска унија Фарук Кајмакчи во својот говор го додаде и следното: „Турција ја подготви патната карта за следните 1-2 години со нејзината  стратегија за реформи во судството, акциониот план за човекови права и акциониот план за пристапување во Европската унија (ЕУ) што го опфаќа периодот 2021-2023. И тоа го спроведува со одлучност. Доволно е Европа во овој период да одигра охрабрувачка улога и да не врши дискриминација кон земјата кандидат Турција. Односно очекуваме од ЕУ, кога зборува за семејното право да не се однесува различно кон членовите на семејството.“

 



Слични вести