Во подрачјето на градот Бинѓол е започната нова антитерористичка операција „Ерен Зима-16“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјето на градот Бинѓол е започната нова антитерористичка операција „Ерен Зима-16 (Бинѓол-Сагѓозе) шехит жандармериски мајор Адил Караѓоз“ во која учествуваат 960 припадници на безбедносните сили

1764151
Во подрачјето на градот Бинѓол е започната нова антитерористичка операција „Ерен Зима-16“

Во подрачјето на градот Бинѓол е започната нова антитерористичка операција „Ерен Зима-16 (Бинѓол-Сагѓозе) шехит жандармериски мајор Адил Караѓоз“ во која учествуваат 960 припадници на безбедносните сили.

Според објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи, со поддршка на народот и со верба и одлучност продолжуваат зимските операции „Ерен“ коишто се реализираат против целосно елиминирање на тероризмот во границите внатре во земјата.

Во тие рамки во подрачјето на градот Бинѓол, во југоисточниот дел на земјата, е започната нова антитерористичка операција насловена како „Ерен Зима-16 (Бинѓол-Сагѓозе) шехит жандармериски мајор Адил Караѓоз“.

Во операцијата која се реализира под координација на градската команда на жандармеријата, учествуваат 960 припадници на безбедносните сили составени 71 операционен тим, од жандармериски командоси, тимови на специјалните жандармериски сили (ЖОХ или JÖH) и безбедносни чувари.

Со операцијата се има за цел со тактиката „Барај-најди-елиминирај“ да бидат неутрализирани терористите кои се на зимување, да бидат елиминирани сите видови подготовки на терористите и особено нивните акции и да зајакне средината на спокојство и доверба во подрачјето.



Слични вести