Турција изрази сочувство за загинатите во земјотресот во провинцијата Бадгис во Авганистан
Министерството за надворешни работи објави соопштение со сочувство за загинатите во земјотресот во провинцијата Бадгис во Авганистан во кој според најнови добиени информации животите ги загубија 22 лица, а голем број лица се повредени

Турција изрази сочувство за загинатите во земјотресот што се случи во провинцијата Бадгис, во Авганистан.
Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дочекана веста за тоа дека во земјотресот што ја погоди провинцијата Бадгис во западниот дел на Авганистан има голем број човечки загуби, голем број лица се ранети и е предизвикана штета во голем број куќи.
Во соопштението се вели следното: „Го изразуваме нашето сочувство до пријателскиот и братскиот авганистански народ, особено до семејствата на оние кои ги загубија животите во земјотресот, на повредените им посакуваме брзо закрепнување и изјавуваме дека Турција како и секогаш е спремна да обезбеди секаква хуманитарна поддршка.“
Центарот за геолошки истражувања на САД (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 5,3 степени според Рихтер се наоѓал на 41 километар источно од градот Кале-и Нев, центарот на провинцијата Бадгис во западниот дел на Авганистан.
Во земјотресот, според најнови добиени информации животите ги загубија 22 лица, додека продолжуваат активностите за екипите за пребарување и спасување во регионот.