Српскиот претседател Вучиќ денеска ќе допатува во посета на Турција
Одделот за комуникации при претседателството соопшти дека претседателот Ердоган и гостинскиот лидер Вучиќ во Анкара ќе претседаваат со Третиот состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Србија во главниот град Анкара

Српскиот претседател Александар Вучиќ, на покана на претседателот Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе допатува во посета на Турција.
Одделот за комуникации при претседателството соопшти дека претседателот Ердоган и гостинскиот лидер Вучиќ во Анкара ќе претседаваат со Третиот состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Србија во главниот град Анкара.
Во соопштението во врска со посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ се истакнува следното: „На состанокот на Советот ќе бидат преразгледани со сите нивни поединости и аспекти односите меѓу Турција и Србија и ќе бидат разгледани чекорите коишто можат да се преземат за развивање на билатералната соработка со нејзно продлабочување. Ќе бидат разменети мислења и во врска со регионални и меѓународни случувања на основа на сфаќањето за одбрана на мирот и стабилноста, особено на Балканот.“