Претседателот Ердоган: Се надевам дека гасот од Црното море ќе стаса за 2023 година
Претседателот Ердоган истакна дека во текот на 2022 година ќе бидат реализирани претпроизводствените операции за завршување на работите во сите бушотини (бунари) и го рече следното: „Се надеваме дека ние оваа работа ќе ја завршиме до 2023 година“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по посетата на Албанија одговараше на прашањата на новинарите кадешто се осврна и на работите во врска со природниот гас во Црното Море.
Ердоган истакна дека во работите со природниот гас во Црното Море, во текот на 2022 година ќе бидат реализирани претпроизводствените операции за завршување на работите во сите бушотини (бунари) и го рече следното: „Се надеваме дека ние оваа работа ќе ја завршиме до 2023 година.“
„Почнаа да пристигнуваат цевките што ќе се користат во изградбата на гасоводот. Планирано е сите цевки да пристигнат на пристаништето во приближно 10 пратки. Секоја цевка е долга приближно 12 метри. Поставувањето на гасоводот на морското дно ќе трае приближно 5 месеци. Во 2022 година ќе бидат реализирани претпроизводствените операции за завршување на работите во сите бушотини (бунари). Се надевам дека ние (Иншаллах) оваа работа ќе ја завршиме до 2023 година.“ - констатира претседателот Ердоган.
На поставеното прашање „Дали ќе пристигне уште една нова радосна вест?, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Чекаме. Се надеваме дека (Иншаллах) сите наши соништа, работите коишто ги реализира министерството, информациите од другарите, особено извештаите што ни ги даваат нашите бродови за сеизмички истражувања, се секогаш во оваа насока. Ионака тогаш кога оваа работа ќе ја завршиме вака со успех , на оние кои прашуваат 'што е економски перформанс, а што не е', се надевам дека ние таму ќе ја доловиме можноста да го дадеме потребниот одговор.“
Слични вести

Ердоган: „Не оставивме и нема да оставиме ниту една капка крв на нашите војници на земјата“
На овие предавнички напади ќе продолжиме да одговараме со нови операции