Претседателот Ердоган: Не ја гледам реална можноста Русија да ја окупира Украина

Претседателот Ердоган истакна дека тензиите меѓу Русија и Украина не ја гледа реална можноста Русија да ја окупира Украина

1764628
Претседателот Ердоган: Не ја гледам реална можноста Русија да ја окупира Украина

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по неговата остварена посета на Албанија одговараше на прашањата на новинарите при што меѓу другото се осврна и на тензиите меѓу Русија и Украина.

Ердоган истакна дека не ја гледа реална можноста Русија да ја окупира Украина.

Велејќи дека не ја гледа како реален пристап руската окупација на Украина, претседателот Ердоган напомена дека Украина која не е обична земја, таа е моќна земја, а воедно нагласи дека за да би можела Русија да го фрли чекорот за окупација треба да ја преразгледа ситуацијата во целиот свет и нејзината сопствена ситуација.

Наведувајќи дека ќе разговара со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, кој престојува во Украина, Ердоган рече дека за овие прашања треба да се разговара и да се разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот Ердоган истакна дека ќе разговара со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев кој се наоѓа во Украина и дека овие прашања треба да се постават на маса и да се разгледат и со рускиот претседател Владимир Путин.

Ердоган продолжи со следните зборови: „Бидејќи овие региони повеќе не можат да ја прифатат војната. Тоа не би било и правилно. Веќе треба да ја избришеме и исфрлиме војната од историјата на политиката. Овие рабти не можат да се одвиваат со логиката 'Да окупирам и да ги одземам териториите на некое место'. Еве, на пример, што направи Русија во Украина? Го зазеде Крим. Во врска со Крим, јас секогаш, при секоја средба што ја остварувам со господинот Путин  му дека сме против окупацијата на Крим. На ист начин нашето Министерство за надворешни работи им го кажува тоа на своите соговорници. Односно, нашата политика по ова прашање е јасна.“

Претседателот Ердоган исто така го прокоментира и повлекувањето на поддршката на Соединетите Американски Држави (САД) од проектот на гасоводот „ИстМед“ („EastMed“) за кој се планира да се реализира од страна на Грција, заедно и со Израел и Кипарско-грчкиот дел во Источниот Медитеран.

Велејќи „Овој проект всушност во никој случај не е изводлив“, Ердоган истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) пресметувајќи ги трошоците не гледаат позитивно на овој проект.

Тој нагласи дека еден таков проект не може да се реализира без Турција и го рече следното: „Бидејќи доколку одовде се испорача гас во Европа тоа може да се оствари само преку Турција.“

 



Слични вести