Од морето во близина на Мармарис кај Мугла се спасени 25 нерегуларни мигранти

Екипите на турската крајбрежна стража во близина на Мармарис кај Мугла спасија 25 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води

1764352
Од морето во близина на Мармарис кај Мугла се спасени 25 нерегуларни мигранти

Од водите на Егејското Море во близина на населеното место Мармарис кај градот Мугла се спасени 25 нерегуларни мигранти меѓу кои и жени и деца за кои е утврдено дека од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Екипите на Командата на Групата за крајбрежната безбедност на Мармарис на јужниот Егеј кои патролираа во близина на руралната област на Маалото Ташлиџа кај пристаништето Серче, добија информации дека еден гумен чамец на кој се наоѓале нерегуларни мигранти бил одвлечен од брановите.

Екипите се доближиле до чамецот на 150 метри до грчката граница и спасиле 25 лица кои биле однесени во Командата на групата на крајбрежната стража на Мармарис.

Спасените 25 нерегуларни имигранти меѓу кои имало и жени и деца за кои е установено дека се државјани на Сирија и Бурма, по законските постапки и биле предадени на Дирекцијата на Управата за миграција во Мугла.

Нерегуларните мигранти/бегалци во своите дадени изјави истакнаа дека им бил расипан моторот на чамецот од страна на грчките војници и потоа биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води



Слични вести