Ердоган: Јасна е потребата од заедничко дејствување на меѓународната заедница за решавање на кризата во БиХ

Претседателот Ердоган истакна дека јасно стои тоа дека меѓународната заедница треба да дејствува заеднички за да се надмине кризата во Босна и Херцеговина.

1764719
Ердоган: Јасна е потребата од заедничко дејствување на меѓународната заедница за решавање на кризата во БиХ
erdogan vucic.jpg
erdogan vucic super haber.jpg
turkiye-ile-sirbistan-.jpeg
erdogan vucic1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се состана со претседателот на Србија Александар Вучиќ кој допатува во посета на Турција, а потоа беше одржана церемонија на потпишување на четири нови билатерални договори за соработка меѓу двете земји

Потоа двајцата лидери, Ердоган и Вучиќ одржаа заедничка прес-конференција.

Овде, претседателот Ердоган истакна дека јасно стои тоа дека меѓународната заедница треба да дејствува заеднички за да се надмине кризата во Босна и Херцеговина.

Велејќи дека односите со Србија се на извонредно ниво, Ердоган информира дека на средбата со Вучиќ размениле мислења за регионални и меѓународни прашања, а особено за Балканот.

Претседателот Ердоган појасни дека и покрај негативните ефекти на епидемијата, билатералната трговска размена минатата година со раст од приближно 34 отсто е зголемена на 2 милијарди долари и констатира се има за цел да се достигне бројката од 5 милијарди долари.

Истакнувајќи дека вкупната вредност на турските инвестиции во Србија од 1 милион долари е зголемена на 250 милиони долари, Ердоган рече: „ И ние како Турција, ќе продолжиме да ја обезбедуваме секој вид потребна поддршка на српските инвеститори кои сакаат да инвестираат во нашата земја.“

Претседателот Ердоган истакна дека на средбата силно е потврдена важноста што им се придава на мирот стабилностана Балканот и го рече следното: „Поддршката што ја дава Србија на суверенитетот на Босна и Херцеговина е многу важна за мирот и стабилноста на нашиот регион. Јасно стои тоа дека меѓународната заедница треба да дејствува заеднички за да се надмине кризата во Босна и Херцеговина. И ние како Турција ќе продолжиме да правиме се што е во наша можност за намалување на тензијата на Балканот.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека со неговиот српски колега Вучиќ одлучиле да ги состанат тројцата лидери на Бошњаците, Хрватите и Србите и да ја решат оваа работа..

Српскиот претседател Александар Вучиќ исто така истакна дека обемот на трговската размена на неговата земја со Турција го долови најдобриот интензитет и моментум во историјата.

Тој уште еднаш укажа на значењето на стабилноста, мирот и разговорот, во врска со што рече: „Почитувањето на Дејтонскиот договор е од суштинско значење и ми се чини дека добро се разбираме по тоа прашање. Му кажав на претседателот Ердоган дека имаме крајна почит кон територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина,  како што секогаш истакнуваме дека е важно почитување на интегритетот на Република Српска во рамките на, нагласувам, во рамките на БиХ. Тоа е нашата политика, нема да отстапиме од неа, таа е во согласност со Дејтонскиот мировен договор и тоа е единствената политика што може да ни гарантира зачувување на мирот.“

Вучиќ додаде дека Србија со Турција наоѓа заеднички јазик и дека ќе се труди секогаш да го наоѓа и во иднина.

„Тоа ќе го правиме заеднички, иако е многу тешко да се направи тоа. Бидејќи што и да каже претседателот Ердоган, дел од српските медиуми тоа ќе го дочекаат со сомнеж, што и да кажам јас, дел од бошњачките медиуми не со сомнеж, туку многу повеќе од тоа, или многу полошо ќе го дочекаат. Создадена е таква атмосфера на недоверба и затоа мора заеднички многу да работиме, да ја враќаме довербата и вербата, верувам дека со заедничка работа тоа можеме да го направиме.“ - порача Вучиќ.

Кога станува збор за билатералните односи меѓу Србија и Турција, Вучиќ нагласи дека соработката меѓу двете земји расте во сите полиња и го рече следното: „Потпишавме договори во сферите на образованието, туризмот и културата, кои се сфери од исклучително значење за нас.“

 



Слични вести