Чавушоглу разговараше телефонски со неговиот колега од Обединетите Арапски Емирати Ал Нахјан
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во телефонскиот разговор ги пренел своето сочувство за загинатите и своите најдобри желби за брзо заздравување на ранетите во вчерашните напади со беспилотни летала во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) шеикот Абдулах бин Зајед Ал Нахјан.
Според објавеното соопштение од страна на Министерството за надворешни работи, во телефонскиот разговор министерот Чавушоглу ги пренел своето сочувство за загинатите и своите најдобри желби за брзо заздравување на ранетите во вчерашните напади со беспилотни летала во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Освен тоа, во телефонскиот разговор беа разгледани и билатералните односи и некои регионални прашања.
Инаку, во реализираните напади вчера со беспилотни летала во областа Мусафах во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) дојде до експлозии во 3 цистерни со гориво, при што е соопштено е дека во нападите загинаа 3 лица, а 6 лица беа ранети.