Турција ги осуди извршените напади со беспилотни летала во Абу Даби, главниот град на ОАЕ

Во објавеното соопштение од страна на МНР на Турција се истакнува следното: „На загинатите во нападите им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до нивните семејства и до народот и Владата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)“

1764019
Турција ги осуди извршените напади со беспилотни летала во Абу Даби, главниот град на ОАЕ

Турција ги осуди реализираните напади со беспилотни летала врз Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „На загинатите во нападите им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до нивните семејства и до народот и Владата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).“

Инаку, денеска беа реализирани сомнителни напади со беспилотни летала во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и полицијата соопшти дека во нападите загинаа 3 лица, од кои еден Пакистанец и 2 Индијци, а 6 лица се ранети.



Слични вести