Средба на претседателот Ердоган и албанскиот премиер Рама во Тирана
Претседателот Ердоган во Тирана одржа средба лице в лице со албанскиот премиер Еди Рама
1764017

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по церемонијата на свечено предавање на становите изградени во градот Лач од страна на Управата за колективни станови (ТОКИ) за семејствата кои ги изгубија своите домови во катастрофата од земјотресот во 2019 година, отпатува за Тирана.
Овде претседателот Ердоган во владината зграда се состана со албанскиот премиер Еди Рама.
По средбата која беше затворена за печатот, се премина на работен ручек меѓу делегациите на двете земји.
По средбата меѓу делегациите, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама ќе присуствуваат на церемонијата на потпишување на низа договори, а потоа ќе одржат и заедничка прес-конференција.