Претседателот Ердоган во Тирана пречекан со официјална церемонија од страна на премиерот Рама

Претседателот Ердоган на меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ беше пречекан со официјална церемонија од страна на премиерот на Албанија Еди Рама

1763836
Претседателот Ердоган во Тирана пречекан со официјална церемонија од страна на премиерот Рама

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во официјална посета на Тирана, главниот град на Албанија, каде што на покана на албанскиот премиер Еди Рама ќе оствари низа официјални средби и разговори.

Претседателот Ердоган на меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ беше пречекан со официјална церемонија од страна на премиерот на Албанија Рама. 

По интонирањето на националните химни на двете земји, претседателот Ердоган и домаќинот Рама ја поздравија почесната гарда и ги претставија своите делегации.

Ердоган и Рама потоа заминаа за градот Лач за да присуствуваат на церемонијата на предавање на куќите изградени од страна на Турција за семејствата кои останаа без своите домови во катастрофата од земјотресот што ја погоди Албанија во 2019 година.

На средбите што ќе се одржат во рамките на посетата ќе бидат преразгледани со сите нивни димензии односите меѓу Турција и Албанија кои се наоѓаат на ниво на стратешко партнерство и ќе бидат разгледани чекорите коишто ќе можат да се преземат за продлабочување на соработката.

На средбите, покрај билатералните односи, ќе бидат разменети и мислења во врска со регионални и меѓународни прашања.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Тирана свечено ќе ја отвори и Џамијата Етхем Беј која беше реставрирана од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), а ќе има обраќање и пред пратениците во албанскиот Парламент.

 



Слични вести