Претседателот Ердоган: Постои закана ФЕТО да преземе акции и во Албанија слични со оние во Турција

Претседателот Ердоган во статијата што ја напиша за албанскиот весник „Панорама“ истакна дека постои закана Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) да преземе акции и во Албанија слични со оние во Турција

1763987
Претседателот Ердоган: Постои закана ФЕТО да преземе акции и во Албанија слични со оние во Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напиша статија за весникот „Панорама“ што се објавува во Албанија во која истакна дека Турција ја гледа Албанија ѝ како пријател ѝ како природен сојузник и дека верува оти зголемувањето на просперитетот и стабилноста во Албанија ќе биде во услуга на мирот и спокојството во целиот регион.

Ердоган рече дека постои закана Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) да преземе акции и во Албанија слични со оние во Турција.

Претседателот Ердоган појасни дека Турција е одлучна да ја продолжи својата поддршка до крај со најискрени чувства, за развојот и безбедноста на пријателска и братска Албанија.

Подвлекувајќи дека трговскиот обем меѓу двете земји е околу 700 милиони долари и дека се има за цел што поскоро да го зголемат на околу 1 милијарда долари, Ердоган укажа дека заедно и со епидемијата, здравствената дипломатија и инвестициите им придадоа нов интензитет на односите меѓу двете земји.

Претседателот Ердоган истакна дека се интензивирани контактите меѓу двете земји и во безбедносните прашања како што се тероризмот, криумчарењето со луѓе и опојни средства.

Велејќи дека инсистирањето на Турција за заедничка борба против Фетулахистичката терористичка организцаија (ФЕТО) која сè уште го продолжува своето присуство во Албанија, е постојано на дневен ред во билатералните односи, Ердоган продолжи со следните зброови:

„ Се водат консултации со надлежните органи на Албанија со цел да се ограничат активностите на ова терористичко структуирање во Албанија и да и бидат предадени членовите на организацијата на Турција. Делувањето на една ваква предавничка организација која се обиде да изврши пуч во Турција (во 2016 година), во Албанија, се дочекува со жалење од страна на турскиот народ. Освен тоа постои закана оваа организација да преземе слични акции и во Албанија.“

Подвлекувајќи дека пријателските односи меѓу Турција и Албанија се во најпродуктивниот период во политичката, економската и социјалната сфера, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека Турција онака како што му придава значење на присуството на Албанија во НАТО, го поддржува и процесот на нејзино членство во Европската унија (ЕУ), кој е дојден во точка на застој во последните години.

 



Слични вести