Претседателот Ердоган отпатува во официјална посета на Албанија

Претседателот Ердоган и делегацијата во негова придружба од Аеродромот Ататурк во Истанбул беа испратени од страна на потпретседателот Фуат Октај и гувернерот на Истанбул Али Јерликаја

1763755
Претседателот Ердоган отпатува во официјална посета на Албанија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на покана на албанскиот премиер Еди Рама отпатува во официјална посета на Тирана што претставува и прва негова надворешна посета во оваа година.

Претседателот Ердоган и делегацијата во негова придружба од Аеродромот Ататурк во Истанбул беа испратени од страна на потпретседателот Фуат Октај и валијата на Истанбул Али Јерликаја.

На средбите што ќе се одржат во рамките на посетата ќе бидат преразгледани со сите нивни димензии односите меѓу Турција и Албанија кои се наоѓаат на ниво на стратешко партнерство и ќе бидат разгледани чекорите коишто ќе можат да се преземат за продлабочување на соработката.

На средбите, покрај билатералните односи, ќе бидат разменети и мислења во врска со регионални и меѓународни прашања.

По повод посетата ќе се одржи и церемонијата на свечено предавање на куќите изградени од страна на Турција во градот Лач за семејствата кои останаа без своите домови во катастрофата од земјотресот во Албанија во 2019 година.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Тирана свечено ќе ја отвори и Џамијата Етхем Беј која беше реставрирана од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), а ќе има обраќање и пред пратениците во албанскиот Парламент.



Слични вести