Претседателот Ердоган на покана на албанскиот премиер Рама денеска во посета на Тирана
На средбите што ќе се одржат во рамките на посетата ќе бидат преразгледани со сите нивни димензии односите меѓу Турција и Албанија кои се наоѓаат на ниво на стратешко партнерство

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска ќе отпатува во посета на Албанија со што ќе ја оствари и својата прва надворешна посета во оваа година.
Претседателот Ердоган во Тирана ќе отпатува на покана на албанскиот премиер Еди Рама.
На средбите што ќе се одржат во рамките на посетата ќе бидат преразгледани со сите нивни димензии односите меѓу Турција и Албанија кои се наоѓаат на ниво на стратешко партнерство, а ќе бидат разгледани и чекорите коишто ќе можат да се преземат за продлабочување на соработката.
Освен тоа на средбите, покрај билатералните односи, ќе бидат разменети и мислења во врска со регионални и меѓународни прашања.
По повод посетата ќе се одржи и церемонијата на свечено предавање на куќите изградени од страна на Турција во градот Лач за семејствата кои ги изгубија своите домови во катастрофата од земјотресот во Албанија во 2019 година.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Тирана свечено ќе ја отвори и Џамијата Етхем Беј која беше реставрирана од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), а ќе има свое обраќање и пред пратениците во албанскиот Парламент.