Ердоган: Турција ќе продолжи да биде една од земјите гарантори на мирот и спокојството на Балканот

Претседателот Ердоган истакна дека Турција онака како што го направи она што ѝ се паѓа за мирот и спокојството на Балканот, ќе продолжи да го прави истото и во иднина како една од земјите гарантори на мирот и спокојството

1764021
Ердоган: Турција ќе продолжи да биде една од земјите гарантори на мирот и спокојството на Балканот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама по церемонијата на потпишување на неколку договори во Тирана, одржаа заедничка прес-конференција.

Претседателот Ердоган во својот говор што го одржа овде, истакна дека Турција онака како што го направи она што ѝ се паѓа за мирот и спокојството на Балканот, ќе продолжи да го прави истото и во иднина како една од земјите гарантори на мирот и спокојството.

Појаснувајќи дека на остварените средби со Еди Рама се осврнале на борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), Ердоган рече: „Тоа што ФЕТО сè уште може да најде простор за делување во Албанија, ни причинува длабока болка. Очекуваме да се преземат побрзи чекори.“.

Претседателот Ердоган нагласи дека со Рама разговарале и за ситуацијата на Балканот и дека им придаваат големо значење на мирот и спокојството во овој регион, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде следното:  „Онака како што го направивме она што ни се паѓа за мирот и спокојството на Балканот, ќе продолжиме да го правиме истото и во иднина како една од земјите гарантори за мирот и спокојството.“

Албанскиот премиер Еди Рама, исто така, се осврна на блиските односи меѓу Турција и Албанија, истакнувајќи дека тоа не треба да биде причина за загриженост кај никого.

Тој рече:  „Не верувам дека некој во Албанија или во Европската Унија треба да биде вознемирен поради турско-албанските односи. Бидејќи, тоа се традиционални односи. И во времето додека Албанија беше затворена земја, односите со Турција беа продолжение на една традиција.“

Рама додаде дека Тој и претседателот Ердоган ќе направат сè за да ги зајакнат економските односи, да ја зголемат трговската размена и да ги зајакнат односите на полето на туризмот.

Албанскиот премиер Еди Рама воедно потсети дека денеска двете земји ги поврзуваат конкретни иницијативи и достигнувања и дека тоа потврдува дека минатогодишниот состанок во Анкара, кога беа потпишани низа декларации меѓу кои и декларацијата за формирање Совет за соработка на високо ниво, отвори ново поглавје во односите меѓу Анкара и Тирана.

Претседателот Ердоган во рамките на својата официјална посета на Албанија, по одржаната средба лице в лице со албанскиот премиер Еди Рама, се обрати пред пратениците во албанскиот Парламент, кадешто истакна дека му причинува задоволство тоа што повторно доаѓа во земјата со која Турција има толку длабоки историски врски.

Нагласувајќи дека ја ценат улогата на Албанија на Балканот, Ердоган рече: „Турскиот народ, како секогаш така и денеска е покрај Албанија. Едниот од првите договори за пријателство што ги потпишавме во 1923 година беше со Албанија. Кога Турција и Албанија ќе си подадат рака, нема да има проблем што не може да се надмине, тешкотија којашто не може да се преброди, цели коишто не можат да се постигнат.“

Тој потсети дека пред три недели во посета на Анкара престојуваше претседателката на албанскиот Парламент Линдита Никола и рече дека постои взаемна желба односите и соработката меѓу двете земји да се интензивираат на сите полиња.

„Иако меѓу нас има граници, ние Албанија ја сметаме за сосед во нашите срца. Нашите односи се потпираат на длабоко вкоренета и силна историја која датира шест века наназад. Трагите од нашата заедничка историја се изразени не само во политичкиот живот, туку и во камените дворови на Скадар, куќите во Берат и архитектурата на џамијата Етхем беј (Етем-бег). Нашето пријателство и нашите роднински врски се развиваат од ден на ден над овој цврст темел.“ - појасни Ердоган.

Истакнувајќи дека постојат одлични услови за зајакнување на турско-албанската соработка, Ердоган рече дека албанскиот премиер Еди Рама во 2013 година ја вброи Турција меѓу петте стратешки партнери на Албанија.

„Првиот приоритет на турската надворешна политика е изградба на траен мир, безбедност, стабилност и добрососедски односи на Балканот. САД први го признаа Косово, а јас како премиер одржав седница на Владата на Турција и ние потоа први ја признавме независноста на Косово. Од тогаш во различни делови на светот водиме борба за признавање на Косово,“- рече Ердоган.

Тој исто така упати пофалби за конструктивната улога на Албанија на Балканот и подвлече дека Анкара и Тирана добро соработуваат на сите меѓународни платформи, вклучувајќи го и НАТО.

Претседателот Ердоган истакна дека секогаш ќе се биде покрај Албанија и со домашната вакцина Турковак којашто е развиена против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Тирана свечено ја отвори и Џамијата Етхем Беј (Етем-бег) чија реставрација беше реализирана од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Во своето обраќање што го одржа за време на свеченото отворање, претседателот Ердоган го рече следното: „Џамијата Етхем Беј (Етем-беговата џамија) која е заедничко историско и културно наследство на Турција и Албанија, истовремено е и скапоцен камен на Тирана. До месецот Рамазан (2 април) ќе ја завршиме и Џамијата Намазѓах. Верувам дека не постои ниту еден проблем на Балканот што Турција и Албанија не можат да го надминат.“

 



Слични вести