Ердоган: Турско-албанското пријателство го крунисуваме со становите за настраданите од земјотресот

Претседателот Ердоган истакна дека турско-албанското пријателство е крунисано со доделување на изградените станови за семејствата погодени од земјотресот

1763899
Ердоган: Турско-албанското пријателство го крунисуваме со становите за настраданите од земјотресот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој на покана на албанскиот премиер допатува во посета на главниот град на Албанија, Тирана, за остварување на официјални средби и разговори, присуствуваше на церемонијата на свечено предавање на изградените станови за семејствата кои ги изгубија своите домови во катастрофата од земјотресот што го погоди градот Лач во 2019 година.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека турско-албанското пријателство е крунисано со доделување на изградените станови за семејствата погодени од земјотресот.

Ердоган потсети дека веднаш по добиената вест за земјотресот стапија во акција за санирање на раните на народот во погоденото подрачје, дека и беа доставени на Албанија сите неопходни медицински материјали и дека беа во постојат контакт со премиерот Еди Рама и ги следеа со внимателност активностите коишто се реализираат.

Велејќи дека лично презеде иницијативи меѓународната заедница и особено Организацијата за исламска соработка (ОИС) да и подаде рака за помош на Албанија, претседателот Ердоган рече: „Тоа што Турција беше првата земја која по земјотресот му отрча на помош на подрачјето, е најголемиот доказ за силната солидарност меѓу нас.“

Ердоган истакна дека денеска се предадени становите изградени од страна на Управата за колективни станови(ТОКИ) составени од вкуно 522 станови чија изградба чинеше приближно 42 милиони евра.

„Пријателството меѓу Турција и Албанија го крунисуваме со свечено предавање на становите за настраданите од земјотресот. Им посакувам милост од Аллах на нашите браќа кои ги загубија животите во земјотресот, на нивните блиски им посакувам трпение и го изразувам моето сочувство. Господ да не нанесе уште еднаш вакви болки. Не можеме да ги вратиме починатите, но во наши раце е да фрлиме чекори коишто ќе ги олеснат животите на оние кои се во живот. Со становите за настраданите од земјотресот коишто ги изградивме посакуваме 522 семејства во ова подрачје своите животи во иднина да ги поминат во спокојство и доверба.“ - рече Ердоган.

Појаснувајќи дека „едниот од примерите на оваа солидарност е покажан и со регионалната болница чија изградба е завршена во месец април, за 68 дена“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече дека на болницата на чие отворање присуствувал преку видео-конференција и е дадено името Турско-албанска болница за пријателство.

 



Слични вести