Еди Рама: Претседателот Ердоган е личност која го прави тоа што го вели и го вели тоа што го прави

Албанскиот премиер Еди Рама истакна дека претседателот Ердоган е личност која го прави тоа што го вели и го вели тоа што го прави

1763953
Еди Рама: Претседателот Ердоган е личност која го прави тоа што го вели и го вели тоа што го прави

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама во градот Лач присуствуваа на церемонијата на свечено предавање на клучевите на становите на семејствата кои останаа без своите домови во земјотресот во 2019 година.

Албанскиот премиер Рама денешниот ден го опиша како извонредно посебен ден и потенцирајќи дека му е чест што се смета себеси за пријател на Ердоган, истакна дека поради својата должност со години се среќава со голем број шефови на држави кои често го прашуваат за неговото блиско пријателство со Ердоган.

Тој рече: „Мојот одговор е многу едноставен: Претседателот Ердоган е личност која го прави она што го вели и го вели тоа што го прави“. кажа.

Претседателката на албанскиот Парламент Линдита Никола, исто така, му се заблагодари на претседателот Ердоган за неговата поддршка не само за време на земјотресот, туку и во периодот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Претседателката на општина Курбин Мајлинда Цара истакна дека е гордост и привилегија за неа и за жителите на Курбин од тоа што го пречекуваат претседателот Ердоган.

Заблагодарувајќи им се на турскиот народ, на претседателот Ердоган и на другите функционери, Цара рече: „Многу сум среќна за сите семејства на кои им се врати надежта и насмевката.“

Таа воедно обраќајќи му се на претседателот Ердоган го подвлече следното: „Секогаш ќе имате посебно место меѓу нас.“

Во земјотресот со јачина од 6,3 степени што се случи во Албанија на 26 ноември 2019 година, животите ги загубија 51 лице, а повеќе од 900 лица беа повредени.

Од земјотресот кој стана причина да ги напуштат своите домови приближно 17.000 илјади лица, беа погодени 202.291 лице.

Веднаш по земјотресот претседателот Ердоган  издаде инструкции за изградба на домови за семејствата кои останаа без покрив над главата и беше потпишан протокол за соработка меѓу Министерството за животна средина и урбанизација на Турција и Министерството за обнова на Албанија, во сферата на изградба на станови по катастрофата.

Во рамките на проектот спроведен од страна на Управата за колективни станови (TOKİ) се изградени 522  станови, деловни единици и паркинзи.

Церемонијата на поставување на камен-темелникот за изградба на нови станови за семејствата кои ги изгубија своите домови во земјотресот се одржа во декември 2020 година, а на церемонијата се поврза преку видео-конференција и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести