Претседателот Ердоган утре ќе престојува во посета на Албанија

На средбите во рамките на посетата ќе бидат преразгледани со сите нивни димензии односите меѓу Турција и Албанија кои се наоѓаат на ниво на стратешко партнерство, како и чекорите коишто ќе можат да се преземат за продлабочување на соработката

1763366
Претседателот Ердоган утре ќе престојува во посета на Албанија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган, на покана на албанскиот премиер Еди Рама утре (17 јануари 2022, понеделник) ќе ја посети Албанија.

На средбите што ќе се одржат во рамките на посетата ќе бидат преразгледани со сите нивни димензии односите меѓу Турција и Албанија кои се наоѓаат на ниво на стратешко партнерство, а ќе бидат разгледани и чекорите коишто ќе можат да се преземат за продлабочување на соработката.

На средбите, покрај билатералните односи, ќе бидат разменети и мислења во врска со регионални и меѓународни прашања.

По повод посетата ќе се одржи и церемонијата на свечено предавање на куќите изградени од страна на Турција во градот Лач за семејствата кои ги изгубија своите домови во катастрофата од земјотресот во Албанија во 2019 година.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Тирана свечено ќе ја отвори и Џамијата Етхем Беј која беше реставрирана од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), а ќе има свое обраќање и пред пратениците во албанскиот Парламент.

 



Слични вести