Министерот Сојлу: Турција во последно време долови неочекуван развој и ги зачуди сите средини

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека Турција во последно време, во 21-от век долови неочекуван развој и успех и дека овој подем на Турција ги зачуди сите средини

1763367
Министерот Сојлу: Турција во последно време долови неочекуван развој и ги зачуди сите средини

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу за време на неговата посета на градот Синоп изјави дека Турција во последно време, во 21-от век долови неочекуван развој и успех и дека овој подем на Турција ги зачуди сите средини.

Велејќи „Кога доаѓаме во контакт со лица од другите земји тие гледаат со восхит кон оваа земја“, министерот Сојлу рече дека сите зборуваат за улогата што ја одигра Турција во решавањето на прашањето со Карабах меѓу Азербејџан и Ерменија и за нејзините силни чекори кои ги сменија рамнотежите во Либија и во Источниот Медитеран.

Сојлу истакна дека Турција успеа да опстане против сите закани и напади во период кога Ирак и Сирија беа приклештени од терористичките организации, а воедно напомена дека светот зборувал за тоа дека Турција не е засегната од нестабилноста во регионот.

Тој рече: „(Некои земји) Не прашуваат 'Како ги направивте наоружаните беспилотни летала (СИХА)? Можете ли да ни дадете и нам?'.“ 

Нагласувајќи дека во последно време се фокусирани на економијата, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу додаде дека зајакнувањето на Турција економски ќе биде од корист и за земјите во нејзиното опкружување.



Слични вести