Ердоган: Турција со сигурни чекори напредува на патот да стане една од 10-те најголеми економии на светот

Претседателот Ердоган истакна дека Турција расте, зајакнува и напредува со сигурни чекори на патот да стане една од 10-те најголеми економии на светот.

1763168
Ердоган: Турција со сигурни чекори напредува на патот да стане една од 10-те најголеми економии на светот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган присуствуваше на церемонијата на свечено отворање на Фабриката за хартија Западен Кипаш во градот Ајдин.

Ердоган во говорот што го одржа овде истакна дека Турција расте, зајакнува и напредува со сигурни чекори на патот да стане една од 10-те најголеми економии на светот.

Велејќи дека Турција е земја која е производствен центар на Африка, Азија и Европа, претседателот Ердоган рече: „Турција е земја чиј индекс на индустриско производство достигна до 144 отсто. И покрај епидемијата (Ковид-19), таа е земја која обезбедува дополнителни 2,7 милиони вработувања. Турција е земја која врши извозни трансакции во 205 земји и региони. Турција расте , зајакнува и напредува со сигурни чекори на патот да стане една од 10-те најголеми економии на светот.“

Во врска со Фабриката за хартија Западен Кипаш чие свечено отворање е остварено, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: „Фабриката која ќе работи со еколошки производствен пристап, ќе обезбеди значаен придонес и во зелената трансформација. Постројката со која ќе се стави крај на увозот на хартија во нашата земја од 250 милиони долари, истовремено ќе се реализира и извоз од  200 милиони долари.“



Слични вести