Акар: Во операциите за казнување по терористичкиот напад во Акчакале, се неутрализирани 44 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека во „операциите за казнување“ кои беа започнати по терористичкиот напад на граничната линија со Сирија во Акчакале кај градот Шанлиурфа, се неутрализирани 44 терористи

1763007
Акар: Во операциите за казнување по терористичкиот напад во Акчакале, се неутрализирани 44 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Анкара даде информации во врска со за операциите коишто беа започнати по терористичкиот напад на граничната линија со Сирија, во Акчакале кај градот Шанлиурфа.

Акар истакна дека во „операциите за казнување“ кои беа започнати по терористичкиот напад на граничната линија со Сирија во Акчакале кај градот Шанлиурфа, се неутрализирани 44 терористи.

Потсетувајќи дека во предавничкиот напад на терористите со експлозивна направа од рачна изработка станаа шехиди (загинаа) тројца јуначки турски војници Мехметџик, Акар рече: „По предавничкиот напад започнавме операции за казнување против утврдените цели. Како резултат на операциите за казнување од страна на јуначките турски војници Мехметчик, за клучно со најновата ситуација се неутрализирани 44 терористи. Крвта на нашите шехиди (загинати) не ја оставивме и нема да ја оставиме неосветена на земјата.“

„Очекуваме нашите соговорници во Сирија да ги исполнат своите обврски од договорите. Би можеле да кажеме дека нападите кои доаѓаат надвор од нашите граници, за кои сметаме дека се планирани, ги надминуваат нашите граници на толеранција. Никој не треба да се сомнева дека на секој напад ќе биде одговорено неколкукратно и дека ќе се побара сметката.“ - рече министерот за национална одбрана Хулуси Акар.



Слични вести