Турција и Ерменија ќе ги продолжат преговорите без предуслови со цел целосна нормализација

Специјалниот претставник на Турција за Ерменија амбасадорот Сердар Килич и специјалниот претставник на Ерменија Рубин Рубинјан се состанаа во Москва, главниот град на Русија, на разговори за нормализација на односите меѓу двете земји

1762871
Турција и Ерменија ќе ги продолжат преговорите без предуслови со цел целосна нормализација

Турција и Ерменија ќе ги продолжат преговорите без предуслови со цел целосна нормализација.

Специјалниот претставник на Турција за Ерменија амбасадорот Сердар Килич и специјалниот претставник на Ерменија Рубин Рубинјан се состанаа во Москва, главниот град на Русија, на разговори за нормализација на односите меѓу двете земји.

Во објавеното писмено соопштение по првата остварена средба, Министерство за надворешни работи на Турција соопшти дека специјалните претставници на првата средба во позитивна и конструктивна атмосфера разменија прелиминарни мислења за процесот на нормализација што треба да се спроведе преку дијалог меѓу Турција и Ерменија.

Во соопштението се истакнува следното: „Страните се договорија да ги продолжат преговорите со цел целосна нормализација, без никакви предуслови. Местото и датумот на втората средба меѓу специјалните претставници ќе бидат одредени подоцна преку дипломатски канали.“

Дипломатски извори истакнаа дека билатералната средба во Москва траеше еден и пол час.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својот говор што го одржа во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) на 13 декември ги даде сигналите дека започна нов период во односите меѓу Турција и Ерменија.

Потоа на 15 декември амбасадорот Сердар Килич беше назначен за специјален претставник на Република Турција за Република Ерменија на 15 декември.

Ерменија исто така за свој специјален претставник во рамките на нормализацијата на односите со Турција го назначи потпретседателот на Парламентот Рубен Рубинјан.

 



Слични вести