Сочувство од Ердоган по повод смртта на почесниот претседател на Турската еврејска заедница Бенсијон Пинто

Претседателот Ердоган го побара по телефон синот на Бенсијон Пинто, Бенјамин Пинто до кого го достави своето сочувство за смртта на неговиот татко, почесниот претседател на Турската еврејска заедница

1762366
Сочувство од Ердоган по повод смртта на почесниот претседател на Турската еврејска заедница Бенсијон Пинто

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го изрази своето сочувство за смртта на почесниот претседател на Турската еврејска заедница Бенсијон Пинто.

Според објавенто соопштение од страна на Одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган го побара по телефон синот на Бенсијон Пинто, Бенјамин Пинто до кого го достави своето сочувство за смртта на неговиот татко, почесниот претседател на Турската еврејска заедница.

Претседателот Ердоган испрати порака со сочувство и до главниот рабин на Турција Исак Халева и до претседателите на Турската еврејска заедница, Ерол Кохен и Исхак Ибрахимзадех.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во пораката го истакна следното: „Чувствувам длабоко жалење поради смртта на почесниот претседател на Турската еврејска заедница господинот Бенсијон Пинто. Г-дин Бенсијон Пинто, како припадник на нашиот народ кој со векови живее во мир и братство, имаше многу вредни придонеси за единството, заедништвото/слогата и општественото богатство на нашата земја, во сите должности што ги презеде. По повод смртта на господинот Бенсијон Пинто го изразувам моето сочувство до еврејската заедница, неговото разжалено семејство и до саканите.“



Слични вести