Честитка од Алиев до Ердоган по повод 30-годишнината од турско-азербејџанските дипломатски односи

Претседателот Илхам Алиев во пораката со честитка потсети дека дипломатските односи меѓу двете земји се воспоставени на 14 јануари 1992 година и дека им честита со најискрени чувства на Ердоган и на братскиот турски народ по повод овој значаен ден

1762744
Честитка од Алиев до Ердоган по повод 30-годишнината од турско-азербејџанските дипломатски односи

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев упати честитка до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Турција и неговата земја.

Алиев во својата порака објавена на официјалната интернет страница на претседателството на Азербејџан потсети дека дипломатските односи меѓу двете земји се воспоставени на 14 јануари 1992 година и дека им честита со најискрени чувства на Ердоган и на братскиот турски народ по повод овој значаен ден.

Велејќи дека воспоставувањето на дипломатските односи со Турција е важен настан во историјата на Азербејџан, Алиев рече рече: „Фактот дека Турција беше првата земја која го призна Азербејџан кој во 20-от век по втор пат се стекна со својата независност, а потоа беа воспоставени дипломатскиѕе односи, вечно останаа врежани во националната меморија на нашиот народ како вистински пример на братството и солидарноста.“

Алиев истакна дека чувствува гордост од големиот развој на односите меѓу Азербејџан и Турција во последниот период и дека двете земји излегоа со гордост и со исправена глава од историски искушенија со што уште еднаш ја потврдија и одржаа во живот својата посветеност на духот на принципот „еден народ, две држави“.

Појаснувајќи дека меѓудржавните односи изградени врз цврсти темели како што се единството, братството и пријателството на турскиот и азербејџанскиот народ кои датираат со векови се на највисоко ниво, Алиев потпишувањето на декларацијата во Шуша во јуни 2021 година со кој односите ги издигна на ниво на сојуз го опиша како „важен историски чекор што го зајакна нашето непоколебливо единство“.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во својата честитка до претседателот Ердоган го напиша и следното: 

„Вашите услуги во развојот и зајакнувањето на односите и сојузите меѓу Азербејџан и Турција на кои им нема слични во светот се единствени во светот и се најдобар пример за пријателство и братство, се непроценливи. Вашиот решителен и јасен став по прашањето на воспоставување на територијалниот интегритет на Азербејџан и вашата непоколеблива  поддршка на нашата праведна кауза секогаш ни дава морал и дополнителна сила. Народот на Азербејџан никогаш нема да ја заборави моралната поддршка и солидарноста што ја покажавте лично вие, Република Турција и братскиот турски народ, уште од првите часови до последните минути во 44-дневната татковинска војна. Задоволство е што работиме рамо до рамо со Турција и во изградбата и обновата на териториите ослободени од окупација. И ние ќе продолжиме да стоиме покрај братска Турција во сите прашања и секогаш.“

 



Слични вести