Претседателот Ердоган: Европската унија останува наш стратешки приоритет

Претседателот Ердоган на состанокот со амбасадорите на земјите членки на Европската унија рече: „И покрај толку неправди на кои бевме подложени, Европската Унија останува наш стратешки приоритет. Впрочем, ние продолжуваме да водиме напори во таа насока.“

1762260
Претседателот Ердоган: Европската унија останува наш стратешки приоритет

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на одржаниот состанок со амбасадорите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) во Анкара кадешто се осврна на односите меѓу Турција и Унијата и за актуелни регионални и меѓународни прашања.

Ердоган во оваа пригода истакна дека и покрај фактот што Турција е изложена на бројни неправди Европската Унија (ЕУ) останува стратешки приоритет на Турција.

Нагласувајќи дека сакаат да воспостават односи со ЕУ на поцврста основа, се стремат кон дијалог и дипломатија со цел да се спроведе позитивна агенда врз основа на пристапната перспектива и одржуваат дијалог и безбедносни состаноци на високо ниво на полето на климата, безбедноста, миграцијата и здравството, како и посети и контакти на високо ниво, претседателот Ердоган појасни дека за сиве овие чекори коишто ги фрлаат не можат да го видат очекуваниот одговор од ЕУ.

Тој напомена дека се применуваат тактики на одолговлечување против Турција за да не се стави во примена оваа позитивна агенда на чело со ажурирањето на Царинската унија и го рече следното: „Очигледно е дека некои земји, кои со политички пресметки ги злоупотребуваат своите права кои произлегуваат од полноправното членство, се однесуваат опструктивно во овој процес.“

Нагласувајќи дека не е можно да се намали притисокот врз миграцијата се додека не се решат актуелните кризи, претседателот Ердоган рече: „Нашето очекување од ЕУ по прашањето на миграцијата е само праведно споделување на товарот и одговорноста.“

„Во наредниот период треба да постигнеме напредок во визната либерализација и Царинската унија“, рече Ердоган и напомена дека Турција ја исполни задачата што и се паѓа во визната либерализација.

Нагласувајќи дека Грците на Кипар треба да се ослободат од менталитетот кој себеси се гледа како единствен сопственик на островот и ги игнорира кипарските Турци, Ердоган истакна дека регистрирањето на суверената еднаквост на кипарскиот турски народ ќе го отвори патот за решение.

Во врска со членството на Турција во Европската унија (ЕУ), Ердоган рече:

„Во текот на 20 години разговарав со голем број лидери, претседатели и министри во Европа. Видов како се попречувани нашите чекори на патот кон полноправно членство и како нашата земја беше изложена на двоен стандард. И покрај толку неправди на кои бевме подложени, Европската Унија останува наш стратешки приоритет. Впрочем, ние продолжуваме да водиме напори во таа насока.“

 



Слични вести