Турција жестоко го осуди терористичкиот напад во Сомалија
Министерството за надворшени работи објави соопштение во кое се истакнува дека со жалење е дознаено дека во реализираниот бомбашки напад во главниот град на Сомалија, Могадишу, животите ги загубија најмалку 10 лица и голем број лица се ранети
1761724

Турција го осуди реализираниот терористички напад во Сомалија.
Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворшени работи се истакнува дека со жалење е дознаено дека во реализираниот бомбашки напад во маалото Вабери во главниот град на Сомалија, Могадишу, животите ги загубија најмалку 10 лица и голем број лица се ранети.
Во соопштението се истакнува следното: „Жестоко го осудуваме овој грозоморен терористички напад и го изразуваме нашето сочувство до пријателската и братска влада на Сомалија и до нејзиниот народ. Им посакуваме милост од Аллах на оние кои ги загубија животите во нападот и брзо оздравување на ранетите. Турција ќе продолжи да стои покрај Сомалија во нејзината борба против тероризмот.“
Слични вести
